ВИДЕО | Леброн испиша нова историја во НБА, Атланта и Индијана одиграа натпревар со 309 поени

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кошаркарите на Атланта Хокс и Индијана Пејсерс го одиграа најефикасниот натпревар сезонава во НБА лигата со постигнати 309 поени. Во вистинска драма гостите славеа победа од 152:157

Првите две четвртини им припаднаа на домашните кошаркари со 40:34 и 46:39, но клучната разлика Пејсерси ја направија во третиот дел кога издоминираа и го добија со 46:28. Ефикасна одново беше и последната четвртина која заврши со 38:38, а Атланта не успеа да ја анулира предноста на противникот.

Тре Јанг беше најефикасниот со 38 поени, одличен беше и Богдан Богдановиќ со 26 поени. Тајли Халибартон го предводеше победничкиот тим со 37 поени.

Лос Анџелес Лејкерс на свој терен беа подобри од Јута со 131:99, а натпреварот го одбележа Леброн Џејмс кој постигна 17 поени, но ја мина границата од 39.000 поени во кариерата која досега никој пред не ја поминал.,

На останатите средби Фениск беше убедлив против Портланд, додека Орландо со 126-107 славеше над Торонто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот