ВИДЕО | Кристина Еплгејт во солзи на наградите Еми: Тешко болната актерка доби стоечки овации од публиката

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Американската актерка Кристина Еплгејт (52) се појави на 75. доделување на наградите Еми за да ја додели наградата во категоријата за најдобра споредна женска улога во хумористична серија.

Актерката, која се повлече од очите на јавноста откако откри дека боледува од мултиплекс склероза, се качи на сцената со помош на бастун, а публиката стана на нозе и ѝ даде овации.

Стоечките овации на публиката, ја изненадија актерката, па таа се расплака и искрено им се заблагодари на сите.

„Ова тело не е создадено со употреба на ‘Оземпик’. Повеќето луѓе ме знаат како Кели од „Брачна вода“, или Саманта од серијата ‘Која Саманта?’ или како мојот последен лик Џен Хардинг од ‘Мртов за мене’. Но, малкумина ме познаваат од моето деби во серијата ‘Денови од нашите животи’… Чест ми беше да ги играм тие смешни и сложени ликови полни со маани“, низ солзи изјави актерката.

Наградата ѝ ја врачи на актерката Ајо Едебири за нејзината изведба во серијата „Мечката“.

Кристина Еплгејт и Ентони Андресон / Фото: Valerie Macon / AFP / Profimedia

Инаку, на актерката во 2021 година ѝ беше дијагностицирана мултиплекс склероза, па поради тоа беше принудена да се откаже од улогата во серијата „Мртов за мене“ на Нетфликс. Оттогаш таа ретко се појавува во јавноста, а неодамна во ново интервју призна дека болеста сè повеќе ја исцрпува. Еплгејт објасни де се бори со наједноставните задачи, вклучувајќи одење по скали и држење предмети.

„Имаш само мали денови. Луѓето велат: ‘Па, зошто не се тушираш повеќе?’ Па, затоа што влегувањето во туш е застрашувачко. Можеш да паднеш, можеш да се лизнеш, може да ти пропаднат нозете. Особено што имам стаклен туш. За мене е страшно да влезам таму“, признала таа во едно интервју.

Да се потсетиме, Кристина, која беше номинирана за наградата SAG за извонредна изведба од актерка во хумористична серија, подоцна призна дека тоа е веројатно нејзината последна награда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот