ВИДЕО | Крај на една ера: Капитенот на Атлетик Билбао заминува од клубот по 19 години

Фото: EPA-EFE/Miguel Tona

Капитенот и еден од најголемите играчи во историјата на клубот, Икер Мунаин денеска соопшти дека заминува од Атлетик Билбао на крајот од сезоната.

Мунаин во клубот од Баскија помина цели 19 години, почнувајќи од најмладите категории, па се до сениорскиот тим.

Клубот каде што ја помина својата цела досегашна кариера, Мунаун ќе го напушти на 31 година како слободен играч со истекот на договорот. Мунаин веројатно смета дека во сезоната во која го освои првиот трофеј (Купот на кралот) е најдобар момент да се збогува.

Дресот на Атлетик Билбао досега го носеше на 557 натпревари во сите натпреварувања со што е на второто место на вечната листа по бројот на настапи, а во листата на стрелци се запиша 75 пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот