ВИДЕО: Кога влегоа внатре ги опи марихуаната – Уапсен Србин во Шпанија со плантажа во напуштена вила

Уште еден српски државјанин (48) е уапсен во акција на шпанската полиција во вила во Ваљас која ја користел за одгледување марихуана. Истрагата, според шпанските власти почнала кон крајот на јуни кога полицијата добила дојава дека внатре во вилата се наоѓа плантажа со марихуана.

– Полицијата со оперативна работа утврди дека станува збор за вила која е целосно изолирана од останатите куќи, а во која делувало како никој да не живее, ниту се забележани било какви активности. Интересно е што таквата, навидум напуштена куќа ја чуваат два ротвајлери. Кога полицајците добија судски налог за претрес и одлучија да влезат во куќата, биле нападнати од кучињата па морала да реагира и службата за заштита на животни“, соопштија локалните медиуми.

 

Во вилата се пронајдени 1.050 стебла марихуана во различни фази од раст, како и соба за сушење на билките во кои се наоѓале 355 грама пупки од канабис, додека во подрумот се наоѓала поголема плантажа со 1.150 стебла кои биле во оптимална состојба за берба.

Србинот кој е осомничен за тешко дело против безбедноста на јавното здравје и кражба на струја се наоѓа во притвор.

Македонска актерка вмешана во шверц со кокаин, ОЈО бара притвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот