ВИДЕО | Кинеска вселенска компанија успешно тестираше ракета за повеќекратна употреба

Кинеска вселенска компанија успешно тестираше ракета за повеќекратна употреба / Фото принтскрин Твитер

Кинеска приватна вселенска компанија успешно тестирала ракета за повеќекратна употреба во пустината Гоби, пишува ДПА.

Според АјСпејс, компанија со седиште во Пекинг, Хипербола-2Y тргна во четвртокот од центарот за лансирање на сателити Жиукван во пустината Гоби во северна Кина. Ракетата достигна висина од 178 метри за време на тестирањето, објави вселенската компанија.

По околу една минута лет, контролирано слетала, како што е прикажано на видеото кое го објави АјСпејс. Тестот означи „голем напредок“ за кинеската комерцијална вселенска индустрија, соопшти АјСпејс.

Компанијата има за цел да развие системи за повеќекратна употреба слични на американската вселенска компанија СпејсИкс за значително да ги намали трошоците за транспорт на сателити во вселената.

Во 2019 година, АјСпејс стана првата приватна кинеска вселенска компанија која успешно лансираше конвенционална ракета-носач во орбитата.

Во Кина има десетици приватни вселенски компании. Сепак, државната вселенска програма главно не вклучува приватни компании, а е контролирана од војската.

Кина спроведува амбициозна вселенска програма во обид да ги достигне САД и Русија. Само 20 години откако Кина стана третата земја што испрати свои астронаути во вселената, Пекинг сега управува со модерна, целосно функционална вселенска станица и ги истражува Месечината и Марс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот