ВИДЕО | Кејн тргна да протестира кај судијата, па сфати дека не знае германски

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Хари Кејн во истиот ден кога и беше претставен дебитираше за Баерн Минхен, но вчерашниот натпревар од Суперкупот против Лајпциг нема да го памети по добро.

Лајпциг предводен од одличниот Дани Олмо кој постигна хет-трик славеше победа и го освои трофејот. Кејн доби прилика да дебитира на половина час пред крајот на натпреварот, но не успеа да дојде до израз.

Англискиот голгетер се најде и во една интересна ситуација. Напаѓачот незадоволен од една судиска одлука тргна да протестира, меѓутоа набрзо сфати дека не знае германски, па можеше само да гледа што се случува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот