ВИДЕО | Како природата да „го проголтала“: Напуштеното рибарското село Хоутоуван е интернет сензација

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Напуштеното рибарско село Хоутоуван на кинескиот остров Шеншан којшто е дел од архипелагот Шенси, станало интернет сензација и необично место за патување.

Ова село изгледа како да е од некоја бајка поради тоа што буквално „го проголтала“ природата.

Некогаш селото било просперитетно и рибарско, а во текот на 80-тите години во него живееле околу 3.000 жители, но со оглед на големата оддалеченост и тежок пристап, жителите почнале да се отселуваат во 90-тите години на минатиот век.

Во 2002 година селото официјално станало ненаселено, а по неколку години куќите ги „опседнале“ растенијата, додека пак некои од нив и натаму се опремени со мебел.

Сепак, ова село стекнало слава меѓу Кинезите во 2015 година откако на интернет се појавиле фасцинантни фотографии. Наместо да бидат среќни поради новата популарност, официјалните лица на споменатиот архипелаг се загрижиле поради влијанието на големиот број на туристи

„Нашите телефонски линии беа презафатени, сè повеќе туристи сакаа да дојдат тука. Меѓутоа, ова село нема услови да се отвори за туристите. Поради тоа ги молиме посетителите да го зачуваат неговиот мир“, гласела официјалната изјава на властите во тоа време.

Меѓутоа, сега селото е подготвено за туризам. По две години планирање направен е план популарноста на зеленото село да се искористи. Платформата за набљудување на селото е отворена во 2017 година, а картата чини 3 долари. Посетителите можат да прошетаат по брдовитото село, по цена од 8 долари, а на напуштените куќи поставени се предупредувања на можно нивно разрушување.

Минатата година селото го посетиле 90.000 туристи, а тоа донело приход од 470.000 долари за островот.

Архипелагот Шенси е оддалечен малку повеќе од 60 километри од Шангај, а островот Шеншан е познат по морската храна и ја поседува една од најголемите фарми за риби во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот