ВИДЕО | Јутубер од Белгија уапсен откако фрлил измет врз луѓе во воз

Јутубер од Белгија уапсен откако фрлал измет врз луѓе во воз / Фото јутуб

Јутјубер од Белгија е уапсен бидејќи фрлал измет врз патници во воз, пишува Инди100. Неговата грозоморна шега не завршила добро откако бил уапсен затоа што фрлал кофа со „разни материи“ кон патниците во возот.

Јутјуберот по име ЈаНајк бил уапсен од белгиската полиција затоа што фрлал кофи со „разни супстанци“, во кои имало „боја, измет и храна“, кон патниците на метрото што патувале во Брисел.

На друго видео се гледа како влегува во воз со кофа и го превртува врз случаен странец пред да побегне. Подоцна бил уапсен под обвинение за напад и тешки телесни повреди на патници, како и за оштетување на имотот на превозникот.

Во соопштението за медиумите, портпаролот на обвинителството рече дека јутјуберот признал дека е одговорен за инцидентот. „Снимките од тие настани се објавени на социјалните мрежи со цел да се добијат што повеќе лајкови“, соопштуваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот