ВИДЕО: Јокиќ и Денвер исфрлени од НБА купот

фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Кошаркарите на Денвер нагетс го завршија учеството во новото натпреварување, НБА купот. Актуелниот шампион убедливо е поразен од Хјустон со 105:86 и така остана без шанси за пласман во четвртфиналето.

Тимот на Мајк Мелоун има учинок (2-2) во групата Запад Б, зад Њу Орлеанс (3-1) и Хјустон (2-1), а Рокетси имаат уште еден меч против Далас маверикс.

Потсетување дека во НБА купот има шест групи со по пет екипи, а од секоја само првопласираната оди меѓу најдобрите осум, како и по еден најдобровторопласиран од секоја од конференциите.

Денвер успеа да ги совлада Далас и ЛА Клиперс на стартот од натпреварувањето, но не и Њу Орлеанс и Хјустон.

Нагетси продолжуваат со настапите во НБА лигата, а следниот меч ќе го играат в понеделник против Сан Антонио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот