ВИДЕО | Јелена Томашевиќ откри: Баба ми не го бендиса Иван

Фото: Промо

Пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ важат за едни од најскладните брачни двојки во јавниот живот во регионот. Многу медиуми пишуваа за нивната љубовна приказна, за раскинувањето поради притисокот од медиумите и за моментот кога сфатиле дека се идеални еден за друг и решиле да стапат во брак.

Јелена ќе биде гостинка во новата „Еден на Еден“ кај Жаре, в недела од 18.30 на ТВ „Канал 5“ и таму раскажува една интересна приказна поврзана со Иван и со нејзините баби.

– Го однесов Иван во Крагуевац да се запознае со моите баби. Едната баба, Босилка уште од старт ми кажа: „Добар ти е дечково, ама не му чини работата, се бакнува со многу жени“, раскажа Јелена за времето кога актерот Босиљчиќ снимаше љубовни теленовели.

– И се сретнаа моите две баби, баба Ружа и баба Боса на кафе и Ружа ја прашува Боса: „Сваќе, како ти се допаѓа дечкото на Јелена?“ „Добар е, од добра фамилија, со добри манири, но не му чини работата. Се бакнува со многу жени, и јас го држам далечинското во рака за да сменам програма“, раскажа Јелена.

Погледнете го видеото кое подобро ќе ви раскаже што ќе гледаме в недела на Канал 5:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот