Флотила кон Газа

ВИДЕО | Израелската армија пресретна најмалку три брода од новата флотила во Газа

Флотилата за слобода на Газа денес објави дека нејзините бродови биле нападнати од израелските сили и дека најмалку три биле пресретнати за време на нов обид да достават хуманитарна помош до палестинската енклава, која претрпе огромни уништувања во војната, објави Гардијан.

Колективот објави преку Инстаграм дека израелските вооружени сили користеле електронско војување за да го блокираат преносот на комуникации и видео, а нивните членови се качиле на бродовите на флотилата за да ги пресретнат.

Израелското Министерство за надворешни работи, од своја страна, увери дека бродовите на флотилата се безбедни и се носат во израелско пристаниште каде што луѓето на бродот ќе бидат веднаш депортирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот