ВИДЕО: Ивана Вулета е светска шампионка во скок во далечина

фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Ивана Вулета на 34 години со 7,14 метри во петтата серија стана светска шампионка во скок во далечина на 19 атлетски мундијал во Будимпешта, Унгарија.

На второто место се најде Тара Дејвис од САД (6,91 метри), а на третото Алиса Ротару-Котман од Романија со 6,88 метри.

За српската атлетичарка Вулета ова е нејзиниот најдобар скок на сите четири светски првенства во атлетика на кои учествуваше, во Даегу 2011 година отпатува, но се повлече поради повреда во пресрет на натпреварувањето.

Во Москва 2013 година, бронза со 6,82, во Пекинг 2015 година, повторно трета со 7,01, во Лондон 2017 година, четврта со 6,96, во Доха 2019 година без учество, а во Јуџин минатата година, седма со 6,84).

Под моминското презиме Шпановиќ беше светска шампионка во сала во Бирмингем пред пет години со 6,96 метри, а како Вулета и понатаму е светска шампионка откако во Белград скокна до злато со 7,06 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот