ВИДЕО | Историска вечер за Јанис: Постигна 64 поени и постави личен рекорд

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо го одигра најефикасниот натпревар во кариерата откако постигна 64 поени против Индијана.

Бакс славеа победа до 140:126 предводени од својата прва ѕвезда која постави рекорд наа франшизата. Досега рекордер беше Мајкл Ред кој во 2006 година постигна 57 против Јута. Личниот рекорд на Адетокумбо до овој натпревар беше 55.

Јанис зшутираше 20/28 од игра, но и 24/32 од линијата за слободни. За три поени имаше три обиди и не погоди ниту еден. До паузата зад своето имаше 21 поен, но потоа во третата четвртина заигра многу подобро.

Неговиот соиграч Лилард уфрли 39 поени, Портис го заврши мечот со 19, додека на спротивната страна Халибартон и Тарнер постигнаа по 22 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Филаделфија 111-129

Вашингтон – Њу Орлеанс 122-142

Мајами – Шарлот 142-115

Торонто – Атланта 135-128

Хјустон – Мемфис 117-104

Милвоки – Индијана 140-126

Сан Антонио – ЛА Лејкерс 119-122

Феникс – Бруклин 112-116

Јута – Њујорк 117-113

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот