ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Виктор Мизо: Поголема државна емпатија кој странските компании со технолошко напредно производство

Виктор Мизо - асоцијација на странски компании / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Зголемените трошоци за енергенси, бирократијата и непостапувањето на администрацијата, недостатокот на работна сила и недоволно квалификуваниот кадар, правната неизвезност и несигурност, како и честата промена на регулативата, и невладеењето на правото и правната држава, странските компании со технолошко напредно производство во Македонија ги посочија за најголеми пречки за бизнисот во тековната година, стои во извештајот и анкетата изготвена од Асоцијацијата во која членуваат 34 компании со капитал од САД, Германија, Британија, Канада, Италија итн.

Тоа според посочената анкета е и главна причина зошто компаниите се пишманат да инвестираат во државата ако денес одлучуваат за тоа. Од 75 % лани, годинава овој процент е намален на 52 %.

Во разговорот за „Утрински печат“, претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо се осврна и за тоа како се изјасниле компаниите околу влијанието на украинско-руската војна врз нивното работење, како се справуваат со енормно покачените трошоци за производство, т.е. за основни суровини, струја и енергенси, но и за приоритетите кои овие компании си ги имаат поставено пред себе.

Асоцијацијата и со покренати иницијативи до државата за олеснување на постапка за поставување на фотоволтаични централи над на 1 MW како и постапките во ТИРЗ за продажба на вишоците на струја. Од Асоцијацијата побарано е подобрување на состојбата со квалитетот на работна сила и во очекување на одговор од државата за листа на државни стипендисти од Македонија во најпрестрижните 100 универзитети на Шангајската листа, кои би можеле да бидат вклучени во странските компании.

Побаравме на Aftercare системот и намалување на непотребната бирократија преку професионализација на националните агенции и тела за странски инвестиции, по пример на оние од земјите-членки од ЕУ, вели претседателот на оваа Асоцијација, Виктор Мизо во денешниот разговор за „Утрински печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот