ВИДЕО ИНТЕРВЈУ со Васко Ковачевски, директор на ЕСМ: Ќе се отвори рудникот Живојно, ќе има доволно домашна струја

Васко Ковачевски директор на ЕВН / ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Ни претстои тешка зима, но државата е максимално ангажирана граѓаните да не останат без струја, порачува првиот човек на ЕСМ Васко Ковачевски. Тој во разговор за „Слободен печат“ откри дека домашнииот ископ на јаглен ќе се зајакне со отворање на две нови рударски наоѓалишта – рудникот Живојно, кој во план бил уште пред 40 години и наоѓалиштето Гуштерица кое треба да обезбеди дел од количините кои се потребни за РЕК Осломеј.

– Владата заедно со ЕСМ и другите енергетски компании прави детални подготовки за претстојната енергетска криза која зема замав. Претходната грејна сезона успешно се справивеме со оглед на ограничените ресурси на јаглен, со оглед на состојбата во хидрологијата и  целосната зависност од гас. Сега во рамките на Отворен Балкан направивме неколку средби и договоривме во текот на наредната недела да формираме работна група која ќе се грижи за енергетската криза во Северна Македонија, Албанија и Србија. Пред два дена бевме во официјална посета во Бугарија. Се разговараше како може Република Бугарија да ѝ помогне на Македонија со оглед на тоа дека Бугарија има развиени енегетски капацитети од далечното минато и тие капацитети, особено нуклеарката Козлодуј, произведуваат вишоци на електрична енергија. Затоа ние како држава, настапивме со барање до бугарската страна, дел од електичната енергија место да ја продаваат на берзите, да ни ја отстапат со билатерални договори по некои нормални цени, под берзанските цени и таа цена да биде прифатлива за нашето стиопанство, затоа што таа енергија што ја бараме треба да ја пласираме во економијата и во институциите – рече Ковачевски.

Според Ковачвски, планот за домашното производство е направен и реално е да се очекува од домашна струја да се задоволат сите потреби на домаќинствата и на малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар, а и големите компании и институции кои се на либерализиран пазар може да очекуваат поевтина струја од берзанската.

Ковачевски уште еднаш алармираше сите да штедат, затоа што заштедите ќе ни дојдат добро на сите.

Целиот разговор погледајте го во продолжение на видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот