ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Проф. Хаџи – Јанев: Фронтекс е сериозно засилување на капацитетите на МВР во справувањето со мигрантите

Методиј Хаџи Јанев - професор / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Фронтекс е голема придобивка за нас, зошто со Фронтекс доаѓа еден цел пакет на услуги кои ни фалат, опрема, капациетити и најбитно од се, е знаење кое во пракса нашите погранични службеници од МВР ќе можат да ги измерат своите капацитети рамо до рамо. Значи не на вежба туку во пракса, вели професорот Методи Хаџи Јанев, по повод денешното официјалното започнување на Заедничката операција на Фронтекс во Република Северна Македонија.

-Ова значи дека сме чекор поблиску до европска интерграција бидејќи со ова ќе се отворат и други можности и програми кои пред се наменети за подигање на свеста и градење на капацитетите. Причината поради која Фронтекс е тука повеќе е стратешка зошто балканската рута и натаму останува најфрекфентна и тоа го призна и Советот на Европа. Според нашите информации бројката од лани е незначително поголема. Она што е реално е дека рутата сама по себе претставува сериозен проблем за илегална миграција туку и за еден куп на други работи кои одат во тој пакет: организиран криминал, корупција, шверц на оружје, дрога и секако илегална миграција. Генерално ова се канали каде целиот тој криминал се фузира иако овие децентрализирани актери кои имаат различни агенди наоѓаат свој заеднички интерес да ги користат тие канали и да ги користат веќе постоечките инсталации со што всушност имаат голема опасност да го дестабилизираат самиот регион каде се изведуваат тие операции, а тоа е кај нас и оттука Фронтекс сам по себе претставува едно сериозно засилување. Тоа значи дека одредени фондови и одредени капациетети сега ќе бидат достапни за полицијата што секако е големо буџетско олесување на некој начин, вели проф. Хаџи Јанев го гостувањето во емисијата „Утрински печат“.

Запрашан дали подигнувањето ѕидови на местата каде границите меѓу државите во регион се порозни ќе го спречи напливот на мигранти, проф. д-р Хаџи Јанев цели дека тие се од голема помош за обезбедувањето на границите. Инаку, Македонија има 37 километри жичана ограда, подигната на границата со Грција уште за време на бегалската и мигрантска криза во 2015 година.

-Мерката со градењето ѕидови на оперативно рамниште може да даде сериозни резултати затоа што ќе помогне во поголема контрола и канализирање на тој влез и би се спречиле илегалните преминувања, но во исто време може да биде и одвраќање од вакви немили настани како вчерашниот во Гевгелија кога беше убиен мигрант. Да не доаѓаме во ситуација кога треба да се употреби прекумерна употреба на сила за да се заштити системот. За целиот случај треба да биде претпазливи зошто има истрага. Но полицијата може да користи и репресивни мерки со цел да го заштити системот, коментира Хаџи – Јанев.

Тој нагласува дека и покрај тоа што во рамките на овие бранови миграција има луѓе кои навистина имаат потреба кои навистина се страдалници има и луѓе кои имаат зли намери и кои претставуваат извор или вектор на закана кој го стимулира внатрешниот криминал или ги мобилизира локалните криминалци.

Професорот Хаџи Јанев присуствуваше на Конференција во Хелсинки организирана од ЕУ центарот за хибридна војна на која токму Западен Балкан и Југоисточна Европа се во фокусот пред се поради серијата лажни дојави за бомби. Лажните дојави кои со месеци го парализираа македонскиот образовен систем, а беа испорачувани и до станбени, трговски и деловни објекти, повеже не се актуелни кај нас, но не престанаа во регионот.

-Конференцијата имаше за цел да ги изгради капацитетите но и да размени искуства околу тоа кои се трендовите во сајбер војувањето, она што е новитет е и што досега не беше ставено на листа идопрва ќе се разгледува како вектор на закана, се лажните бомби кои можат да го парализираат системот со многу малку напори што е типичен профил на хибридно војување. Она на што тие предупредија таму е дека постои тренд, односно нивните анализи укажуваат дека има и обратен тренд при што хибридните закани почнуваат да се користат против опозицијата со цел да се етикетираат. Тоа всушност не значи дека актуелните власти од регионот се врзани или поврзани со Кина или Русија, но од друга страна пак збори за тоа дека со самите такви начини со кои се справуваат дел од владите, не посочија точно кои, се создава плодна почва или површина за дополнителни дестабилизации. Останатото генерално беше фокус кои се идните чекори и како и на каков начин регионалната соработка може да влијае на отпорност на системот или еластичност како може да се справат со овој вид на закани, резимираше професорот.

Во однос на НАТО најголемата вежба за кибер одбрана која започна завчера во Естонија со повеќе од 3.000 учесници од 38 земји и ќе трае до 21 април, Хаџи – Јанев нагласи дека вежбата генерално претставува дел од целиот мозаик на одвраќање кој НАТО сака да го испорача посебно кон Русија особено за Украина и за одвраќање од евентуални нови изливи, нови дестабилизации кои Русија се обидува да ги направи кон подрачјата кои се посебно ранливи во сајбер просторот.

-Вежбата треба да тестира одредени реакции, процедури но и да биде платформа којашто ќе создаде подоцна научени лекции или идентификувани лекции кои треба да се имплементираат и да ги зановат тактиките, техниките и процедурите но и да покажат кои се идните слабости или како и на каков начин да направи проекција за потенцијален конфликт, што тоа би значело за НАТО земјите и на тој начин да генерираат соодветни препораки до земјите членки како подобро да го подигнат и заштитат својот систем, рече Хаџи – Јанев.

Целиот разговор во кој проф. д-р Методи Хаџи Јанев ги анализира најновите случувања во Украина и Судан, погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот