ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Костадиновска: Депресијата е состојба која бара рано препознавање и третман

Марија Костадиновска- психијатар / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Над 1 милијарда луѓ во светот се соочуваат со проблеми поврзани со менталното здравје, додека пак УНИЦЕФ проценува дека 1 од 7 деца и млади луѓе ширум светот имаат одредени проблеми со менталната здравствена состојба. Секој трет адолесцент по пандемијата има симптоми на депресија, а 42 отсто се пожалиле на анксиозност, покажуваат официјалните податоци. Психијатар д-р Марија Костадиновска од Клиниката „Жан Митрев“ од Скопје во утринската емисија „Слободен печат“ на Слободна ТВ вели дека пандемијата остави сериозни последици врз здравјето на младите.

-Анксиозност е нормален процес во самиот раст и развој во детска и адолесцентна возраст и се смета за адаптациона фаза. Децата се во стресна состојба посебно во преодот од градинка, во основно училипште, па средно. Има и стресни состојби посебно во семејства кои се со пониска економска стабилност или пак се соочуваат со болест во семејство. Анксиозност има и во високоразвиените земји, пандемијата дополнително придонесе за прифаќање на новото денес. Седум отсто од децата чувствуваат анксиозност и депресија што не е мала бројка- вели Костадиновска.

Според неа долгата социјална изолација и прекинот во дневните рутини многу негативно се одразиле врз менталното здравје на адолесцентите. Се поголема е бројката на млади кои се жалат на депресија и анксиозност. Шестпати е поголема веројатноста девојчињата да пријават симптоми на депресија во споредба со момчињата.

-Битно е да се зане дека депресијата се лекува. Секогаш е пожелно доколку децата имаат проблеми околу чувставата и менталната состојба прво да се обратат на школски психолог, па матичен лекар кој потоа ги упатува на психолог или психијатар. Секогаш треба да дојде со родител. Најмалку една година мора да се пијат антидепресиви, но мора и редовна контрола кај психотерапевт да се адаптира терапијата. Многу од младите завршуваат на антидепресиви. Голема е потрошувачката и на овие лекови, но и на лековите за смирување анксиолитици. Стигматае многу голема, пандемијата беше и причина да почнат да зборуваат за стравот, за состојбата во која се наоѓаат. И да побараат помош- вели Костадиновска.

Според неа долго време пациентите се обидуваат состојбата со депресија да ја решат внатре во семејството или пак користат попримитивни начини да се справат со тоа, како надрилекари, но после пандемијата се приближуваат кон психолозите, кои потоа ги праќаат кај психијатри.

-Депресија не се лекува во склоп на семејство, мора да се третира стручно. Сериозно ментално нарушување е и мора да се лекува. Родителите не се стручни лица. Не поминува за еден или два месеци. Мора подолго, најмалку една година- вели психијатарот.

Промелниво расположение во тек на две недели, однесување кое не е соодветно за детето, спонтано плачење, обраќање со монотон глас, постојани поплаки  на болки по тело се првите симптоми за депресија кај деца.

– Обично не играат, стојат на страна. Кажуваат дека се тажни. Младите пак се побунтовни, пораздразливи, опаѓа интересот за училиште, не прават ништо ништо не им прави задоволство. Кај младинците се појавуваат и суицидни мисли, спомнуваат дали е вредно да се живее. Бесни се и гневни- вели Костадиновска.

Целото интервју со психијатар д-р Марија Костадиновска погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот