ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Горан Трпеноски од ДКСК: Во тендерот за избор на печатар за учебниците, од Mесечина се гледа дека е наместен

Горан Трпеновски - ДКСК / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Во Антикорупциската комисија како сомнеж за нов корупциски скандал пристигнала пријава и за учебниците, за можни дискриминатoрски критериуми при изборот на фирма што ќе ги печати и дистрибуира.

-Ние како ДКСК доставивме барање до Комисијата за заштита на конкуренција. Тие побараа време да ги разгледаат нашите прашања и дилеми. Ние се надеваме на брз одговор но сè зависи каков ќе биде нивниот одговор. Мојот личен став е дека има дискриминирачки критериуми. За тоа поаѓам од еден од условите кој вели дека фирмата треба да има еден милион отпечатени монографии за две или три години. Но што ако некоја друга има 499.000 или 380.000, дали тие отпаѓаат веднаш. Според мене од Месечина се гледа за кого е наместен тендерот, вели Горан Трпеноски од ДКСК во гостувањето во емисијата „Утрински печат“.

Според него се зависи како Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе постапи.

-Ние како ДКСК ќе ја почитуваме неа затоа што немаме друга надлежност и зависиме од другите институции кои се занимваат со таа проблематика. Како на пример Обвинителството, рече Трпеноски.

Тој посочи дека Обвинителствотo, ако по допрен глас смета дека има предмет, може да постапува.

Целиот разговор со Горан Трпеноски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот