Дуа Липа - Фото: Ron Adar, M10s / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Инцидент на концертот на Дуа Липа: Обожавател почна непристојно да ја допира, обезбедувањето веднаш реагираше

Пејачката Дуа Липа неодамна настапи во Лос Анџелес, каде камерите забележаа инцидент што се случил кога ѕвездата се приближила до публиката. Дуа сакала да ги поздрави своите обожаватели, па се фотографирала со некои од нив.

Сепак, посебниот момент со обожавателите беше прекинат од маж кој ја допре несоодветно. Мажот беше во првиот ред кога пејачката му се приближи и го прегрна. Прво ја стави раката на нејзиниот грб, а потоа ја помести пониско, кон нејзиниот задник.

Обезбедувањето кое беше до Дуа веднаш му ја тргна раката од пејачката.

Видеото од моментот стана вирално на социјалните мрежи, а многумина го осудија однесувањето на човекот. „Ова буквално ми го превртува стомакот… Дуа само се обидува да им се приближи на своите обожаватели, а некои луѓе го сфаќаат тоа на најлош можен начин. Ги мразам таквите луѓе“, напиша девојката која прва го објави видеото на Икс.

„Ги мразам овие чудаци“, „Каков одвратен човек“, „Познатите личности не можат физички да им се приближат на фановите без ризик од физичко или сексуално вознемирување. Ова е навистина вознемирувачко“, „Ова е страшно и непочитувачко“, беа некои од коментарите. Други ја пофалија реакцијата на нејзиното обезбедување.

Пејачката моментално е на светската турнеја „Radical Optimism Tour“. Ја започна во ноември 2024 година во Сингапур, а својот последен концерт ќе го одржи во декември оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот