ВИДЕО: Има само 16 години – Јамал во стилот на Меси за триумф на Барса

фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Денеска во 28 коло од најквалитетната шпанска лига фудбалерите на Барселона со 1:0 на домашен терен славеа над Мајорка.

Во текот на првото полувреме каталонскиот гигант можеше да има предност, но Гундоган не беше прецизен од пенал во 24 минута.

Единствениот погодок го видовме во 73 минута кога 16-годишниот Ламин Јамал постигна прекрасен гол со левата нога како во стилот на Лионел Меси.

Ова е 18 триумф за Барса сезонава во „Ла Лига“, моментно е второпласирана со 61 бод, пет помалку од Реал Мадрид кој својот меч од оваа рунда ќе го има в недела дома против Селта Виго.

Мајорка после 11 пораз во шампионатот се наоѓа на 15 место со 27 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот