6 C
Скопје

ВИДЕО: Илјадници луѓе во Британија евакуирани поради детонација на бомба од Втората светска војна

Неексплодирана бомба од Втората светска војна откриена во англискиот град Ексетер, на приватно земјиште во близина на локален студентски дом, ќе биде детонирана, соопшти полицијата.

„Илјадници лица се евакуирани од домовите во градот каде властите сè уште ја испитуваат експлозивната направа”, пренесува „Гардијан”.

Полицијата денеска направи кордон околу бомбата, долг 400 метри, а 2.600 домаќинства беа евакуирани во петокот вечерта и денеска.

Покрај домаќинствата, беа испразнети и 12 универзитетски сали во зградата, а исто така се евакуирани и 1.400 студенти од кампусот.

Универзитетот во Ексетер потврди дека студентите биле префрлени во хотели и добиле „предмети за лична употреба и храна”.

Портпарол на полицијата во Девон и Корнвол изјави дека времето на детонацијата сè уште не е познато, но додаде дека е планирана контролна детонација и тоа може да се случи вечерва.

Прочитајте и...  „Демократска Бугарија" е против предвремени избори и бара подолготраен парламент

Поврзани вести

Вучиќ: Србија ќе биде велесила во производството на вакцини

Слободен печат

Лекарот на Навални предупреди дека неговото здравје се влошува

Слободен печат

ВИДЕО: Пентагон потврди, објавената снимка со НЛО е вистинска

Слободен печат

Чешка протера 18 руски дипломати, обвинети се дека работеле за специјални служби

Слободен печат

Вучиќ за нон – пејперот на Јанша: Ниту сум видел мапа, ниту пак план – се залагам за постојните граници

Слободен печат

Веља Невоља и Месар во паника: Пронајдена ДНК трага од нивна жртва – мислеа дека ако „нема тело – нема дело“

Слободен печат

Остави Коментар