ВИДЕО I Петровска: Во преговорите за Деловникот ќе бараме и онлајн Собрание

Славјанка Петровска/Фото: youtube/printscreen

Во Собранието се формира работна група која ќе работи на измените на Деловникот. Веќе се делегирани по тројца пратеници од поголемите пратенички групи, но во неа ќе членуваат и пратеници од политичките партии застапени во Парламентот. Разговорите се дел од процесот „Жан Моне“.

Според праеничката на СДСМ, Славјанка Петровска деловничките измени се суштинска работа за функционално Собрание. Таа најави дека на преговарачка маса, владејачкото мнозинство ќе го стави и „он лајн“ функционирањето на парламентот.

– Го почнуваме процесот и на маса ќе ги ставиме сите отворени прашања за кои што сметаме дека треба да бидат уредени во собранискиот Деловник. Ние, покрај прашањата за тоа колку треба да трае Конститутивната седница, или, пак, дали има потреба во месецот двапати да се одржуваат пратенички прашња, би го отвориле и прашањето за одржување на „он лајн“ седници. Знаете дека имавме таков предлог, кој што беше наметнат од новонастанатата ситуација, но, за жал, беше неумесно блокиран од страна на колегите од опозицијата, Тоа прашање сега е во рамките на овој процес апсолутно ќе го ставиме на маса и ќе се заложиме тој навистина да биде едно од прашањата кој ќе бидат дел од новиот Деловик, рече Петровска.

Според Петровска ќе се отвори и прашањето за носење на Законот за буџет на државата, но и прашањето што кога претседателите на некои работни тела одбиваат и прават свесно прекршување на Деловникот или се обидуваат да го заобиколат и не закажуваат седници за суштински закони.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот