ВИДЕО I Насилни протести во Бристол: Шестмина полицајци повредени

Полицијата и демонстрантите се судрија за време на протестите против новиот Закон за полицијата, за кој се расправа во британскиот Парламент.

Илјадници демонстранти излегоа на улиците за да изразат незадоволство од предложениот предлог-закон, кршејќи ја забраната за масовни собири. Предлог-законот предизвика критики од активистите кои го осудија зголемувањето на полициските овластувања и нападот врз граѓанските права.

Полицијата наведува дека протестите почнале мирно, но дек аподоцна помала група од собраните предизвикале насилства, пренесе Ројтерс.

Најмалку шест полицајци беа повредени за време на масовните улични протести во британскиот град Бристол, објави Би-Би-Си.

Повредените полицајци се пренесени во болница, од кои едниот е до скршеница на раката, а другиот има скршени ребра.

На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите тресат полициско комбе пред протестот да стане насилен. Полицијата со палки се обидува да ги растера демонстрантите пред централната полициска станица во Бристол.

Потоа полицајци на коњи влегуваат во група демонстранти, но набрзо се повлекуваат откако врз нив се фрлени молотови коктели.

Демонстрантите успеаја да ја потиснат полицијата, запалија комбе пред полициската станица и ја уништија зградата, додека полицајците кои биле внатре, гледаа низ прозор.

Предложениот Предлог-закон за полиција, криминал, казнување и судови предизвика критики од активистите кои го осудија зголемувањето на полициските овластувања и нападите врз граѓанските права.

Новите законски решенија ќе и овозможат на полицијата, меѓу другото, да го одредува времето на почетокот и крајот на сите идни демонстрации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот