ВИДЕО: Хет-трик на Левандовски за убедлив триумф на Баерн

Нов убедлив триумф на баварците/ фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Актуелниот шампион Баерн Минхен без поголеми проблеми со 5:0 ја совлада Херта во третото коло од Бундеслигата.
Гол серијата ја отвори Томас Милер уште во шестата минута, а до крајот на првиот дел Роберт Левандовски погоди за 2:0.
На стартот од вториот дел, во листата на стрелци се запиша и младиот Мусиала, а последните два гола беа дело на Левандовски.


Со убедливиот триумф Баерн се наоѓа на делба на лидерската позиција на табелата со седум бодови заедно со Баер Леверкузен и Франбург.
Баер Леверкузен како гостин со 1:4 го совлада Аугсбург, додека Фрајбург славеше на гостувањето кај Штутгарт со 2:3.

Резултати:
Арминија – Ајнтрахт 1:1
Аугсбург – Баер Л. 1:4
Келн – Бохум 2:1
Мајнц – Гројтер Фурт 3:0
Штутгарт – Фрајбург 2:3
Баерн – Херта 5:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот