ВИДЕО | Хејли Бибер откри што придонело за формирање на згрутчување во нејзиниот мозок

хејли бибер
Хејли Бибер / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Хејли Бибер објави видео во кое детално објаснува што довело до формирање на згрутчување во нејзиниот мозок. Таа меѓу другото изјави дека за тоа придонело и земањето таблети за контрацепција.

Сопригата на Џастин Бибер беше хоспитализирана на 10 март со симптоми слични на мозочен удар. Откриено е дека таа имала отворен форамен овале (ПФО), т.е. мал отвор помеѓу десната и левата преткомора на срцето. Згрутчување на крвта на крај завршило во нејзиниот мозок. Таа била оперирана и сега е во фаза на опоравување.

„Еден од проблемите беше што неодамна почнав да пијам таблети за контрацепција. Не требаше да го правам тоа бидејќи страдам од мигрена, а не им кажав на лекарите“, рекла таа.

25-годишната Хејли им кажа на своите придружници дека треба да учат од нејзините грешки.

„Дами, ако страдате од мигрена и планирате да пиете таблети за контрацепција, задолжително кажете му на вашиот лекар бидејќи мозочниот удар е потенцијален несакан ефект“, рече таа.

Во моментов откри дека зема аспирин и лекови за разредување на крвта и повеќе не страда од никакви симптоми.

Повеќе написи на темата:

 

Џастин Бибер за несреќата на сопругата Хејли: Не можам да ја изгубам

 

Џастин Бибер откри како е неговата сопруга по проблемите со мозокот: Знам дека Бог ја чува

 

ФОТО | Итна хоспитализација: Хејли Бибер завршила во болница поради проблеми со мозокот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот