ВИДЕО | Хаос по стартот на екс-вардарецот: Тепачка помеѓу ракометарите на Војводина и Партизан

Фото: Screenshot

Партизан и Војводина одиграа одличен натпревар во првата битка за шампионот на Србија, а по продолженија славеше тимот на Војводина со 32:28. Сепак, играта на теренот остана во сенка поради големи инцидент.

Пред крајот на првото полувреме во 26-тата минута дојде до општа тепачка на ракометарите на двата тима. Се започна со стартот на поранешниот ракометар на Вардар, Вук Лазовиќ врз Тунижанецот Аиди.

По тој старт дојде до физичка пресметка на ракометарите во која беа забележани тупаници и шлаканици.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот