ВИДЕО: Хамшик промовиран како „Гладијатор“ во Турција!

epa07338986 Napoli's Marek Hamsik (R) and Sampdoria's Gaston Ramirez in action during the Italian Serie A soccer match SSC Napoli vs UC Sampdoria at the San Paolo stadium in Naples, Italy, 02 February 2019. EPA-EFE/CIRO FUSCO

Турскиот клуб Трабзонспор го промовираше своето ново засилување, тоа е 33-годишниот словачки играч од средниот ред, Марек Хамшик.

Промовиран како „Гладијатор“, досега ги бранеше боите на шведската екипа Гетеборг за која запиша шест настапи и еден погодок.

Во својата кариера се прослави најмногу во Италија со тимот на Наполи од 2007 до 2019 година со 408 натпревари и точно 100 погодоци.

Со „наполитанците“ успеа двапати да го освои Купот на Италија и еднаш италијанскиот Суперкуп.

Неговата репрезентација ќе учествува на Европското првенство каде ќе игра во групата „Е“ со Полска, Шпанија и Шведска.

Видео на денот