ВИДЕО | Хајди Клум ги покажа голите гради додека ужива на плажа на Кариби

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Манекенката и водителка Хајди Клум (50) редовно споделува со обожавателите секси фотографии и видеа на социјалните мрежи. Така и овојпат, таа одлучи празнично да ги изненади.

Хајди го поминува својот празничен одмор во карипското одморалиште Сент Бартс со својот сопруг Том Каулиц, уживајќи во сонцето. Утрото по Божиќ, парот се повлече на една од плажите на Сент Бартс.

Таа одлучи да сподели експлицитно видео од нејзиниот тропски одмор, позирајќи топлес, па остави малку на имагинацијата.  На видеото се гледа како Хајди лежи на пуст песочен брег во црни долни бикини и ги покрива градите со рака.

Во кадарот се појавува и 34-годишниот сопруг на манекенката облечен во жолти шорцеви со Мики Маус.

Двојката, која се венча во 2019 година, долета на островот неколку дена пред Божиќ и заедно го прославија празникот.

Двојката помина време уживајќи во вкусната храна на локалните ресторани, но и се возеа покрај брегот во кабриолет со капи на Дедо Мраз.

Во продолжение погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот