ВИДЕО: Грдата страна на вечното дерби: Тепачки на „Гробари“ и „Делии“ низ улиците на Белград

Навивачите на двете екипи имаа своја увертира пред вечното дерби/ Белград, Србија/ 19 септември 2021 година/ принсткрин: твитер,

Големото дерби помеѓу Партизан и Црвена звезда (18 часот) во рамки на фудбалскиот шампионат во Србија, има лоша увертира која ја направија навивачите на двата тима.

На неколку локации низ Белград имаше физички пресметки помеѓу „Гробарите“ и „Делиите“ поради што мораше да интервенира полицијата. Полицијата уапсила околу 30 навивачи на Партизан кои се обидувале да поминат низ Јужниот булевар, место каде се собираат навивачите на „црвено-белите“. Но, тоа не ги спречи тепалките во останатите делови низ Белград.

Дерби пресметката помеѓу Партизан и Црвена звезда се игра од 18 часот на стадионот на Партизан, а тоа ќе биде вкупно 165 дерби помеѓу големите ривали.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот