ВИДЕО | Голем пожар и во Кадрифаково

Фото: Screetnshot/ТВ Стар

Доцна попладнево избувна голем пожар и кај село Кадрифаково, Свети Николе. Поради силниот ветер, пожарот се шири со голема брзина и кон штипскиот регион односно до село Криви Дол, известуваат од ТВ Стар.

Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски за ТВ Стар изјавил дека во моментот гори нискостеблеста шума и сува трева, но опасност за жителите на околните села засега нема.

Исто така, тие се во координација со штипскиот градоначалник Сашко Николов за гаснење на пожарот и побарале помош од штипската Територијална противпожарна единица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот