ВИДЕО: Ѓоковиќ во полуфиналето на Мастерс турнирот во Париз

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз, откако во четвртфиналето денеска го совлада Лоренцо Мусети со 2:0 во сетови (6:0, 6:3) за 75 минути игра. Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од мечот Стефанос Циципас (Грција) – Томи Пол (САД).

Првиот сет српскиот ас го заврши за само 24 минути. Еден од најдобрите играчи во историјата на овој спорт дури трипати направи „брејк“ на сервисот на противникот. Вториот сет започна идентично како и првиот, но Мусети се „разбуди“ и рано направи „брејк“, поведувајќи во гемови со 2:1.

Но, пресуди искуството на Ѓоковиќ кој одлично сервираше во вториот сет, а Мусети направи вкупно 28 неизнудени грешки. 35-годишниот Србин ја брани титулата во Париз, каде го држи рекордот со шест освоени трофеи, а во полуфиналето стигна без загубен сет. Претходно со максимален резултат ги совлада Максим Креси и Карен Хачанов.

Во второто полуфинале се среќаваат Холгер Руне од Норвешка и Феликс Оже-Алијасим од Канада. Норвежанецот успеа да го елиминира Карлос Алкараз, при резултат 3:6, 6:6 Шпанецот поради повреда го предаде мечот, додека Оже-Алијасим со 6:1 и 6:4 го елиминираше Американецот Френсис Тиафо.

Полуфиналните мечеви се закажани за в сабота, додека финалето ќе се игра в недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот