ВИДЕО | Ѓоковиќ специјален гостин на церемонијата во Париз, се сретна и со Меси

Фото: Screenshot

Вечерва во Париз ќе биде доделена „Златната топка“ која според најавите на сите реномирани медиуми ќе заврши во рацете на Лионел Меси, за кого тоа би било осмо такво признание. На церемонијата во Париз специјален гостин ќе биде и Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер е во француската престолнина поради претстојниот мастерс во Париз и таа прилика организаторите ја искористија да му испратат специјална покана да присуствува на доделувањето на наградата за најдобар фудбалер за изминатата година.

Покрај Меси во најтесна конкуренција се уште Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот