ВИДЕО: Газа ќе „здивне“ од израелските бомбардирања, Тел Авив ќе спроведува хуманитарни паузи од четири часа секој ден

Газа по израелските напади/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Белата куќа соопшти дека Израел се согласил да воведе четиричасовни дневни хуманитарни паузи во нападите врз Хамас во северниот дел на Газа. Во понеделникот американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да воведа „дневни хуманитарни паузи“.

Администрацијата на Бајден соопшти дека обезбедила уште еден премин за цивилите да избегаат од борбите.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека првата хуманитарна пауза ќе биде најавена денеска и дека Израелците се обврзале да го објавуваат секој четиричасовен прозорец најмалку три часа однапред.

И додека се соопштува веста, во Газа продолжуваат бомбардирањата каде меѓу другите денешната цел е бегалскиот камп Џенин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот