ВИДЕО | Фудбалер на Брест можеше тешко да го повреди Мбапе

Фото: Screenshot

Килијан Мбапе во вчерашниот настап за Пари Сен Жермен во Купот на Франција против Брест можеше да заработи потешка повреда.

Кон средината на второто полувреме фудбалерот на Брест, Лилијан Браслер грубо стартуваше врз францускиот напаѓач, а Мбапе остана да лежи на теренот. По повторената снимка можеше да се види дека стартот е на зглобот на ногата на која стоеше Мбапе и тоа можеше да доведе до и тоа како тешка повреда.

За среќа Мбапе по укажаната помош се врати на теренот и го доигра натпреварот. За овој крвнички старт Браслер доби жолт картон, но тој му беше втор, па и така заработи исклучување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот