ВИДЕО+ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ повторно го блокираше Скопје

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ попладнево повторно е излезна на протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“.

Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ пред Министерството за правда рече дека ние живееме во земја каде како Македонци треба да се објаснуваме со соседите дека сме Македонци, дека нашите предци говореле македонски, дека имаме сопствена автентична историја.

-Ние сме едиствена земја во која оваа багра на Заев, заедно со Димитров,  сега зајакнати со Бучковски ни се преговарачи со Бугарија. Може да замислете каков би бил исходот.  На сите им се јасни ставовите на Заев, Димитров, Бучковски. Тоа се луѓе кои за лични причини би продале се. Тоа се луѓе чии ставови се многу поблиски до ставовте на Каракачанов, Захариева, Борисов“, рече Пандов.

Погледнете го целиот говор на Пандов:

Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред Министерство за правда во организација на ВМРО-ДПМНЕ под мото „Оставка на Заев, слобода на народот“ на граѓаните им заблагодари што и денес дојдоа за да се обранат националните интереси кои што Заев и Владата ги распродаваат.

-Дојде еден човек кој се што нашите предци твореле да уништи. Дојде еден нечовек, дојде еден немакедонец, дојде Заев кој сака се да уништи. Нема да дозволиме Заев да ни ја менува историјата во учебниците. Наша е таа историја, не е негова да си прави што сака. Оваа историја ја создадоа нашите предци, ние ја создаваме заедно, а не некој Заев или пак некои лица од Бугарија да ни ја раскажуваат како што ним им се допаѓа- истакна Стаменковска Трајковска.

Стаменковска Трајковска нагласи дека имаме богата земја со историја, таа земја треба да се негува и чува. Но за жал дојде еден човек кој што сака се да уништи она што генерации и генерации граделе и се бореле.

Говорот на Стаменковска Трајковска:

Пратеникот Игор Јанушев од протестот пред македонската Влада под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот!“ порача дека веќе неколку недели македонскиот народ е на учици во одбрана на Македонија од неправдите и зулумите кои му ги прави криминалецот и патолошки лажго на власт Зоран Заев, кој наголемо ја распродава Македонија и македонските национални обележја.

Пратеникот Игор Јанушев

-Човекот кој што ја има окупирано фунцијата Премиер е докажан криминаалец со судски постапки, аболициран, помилуван. Истиот тој човек распродава се, преговараат за Гоце, за државата, за се што е македонско. Ние, треба да се срамиме единствено од нив, од Заев, од Бучковски и тие околу него. Имаме двајца докажани криминалци, двајца осудени криминалци кои преговараат за се што е македонско, на кои што овде не им е местото“, истакна Јанушев.

Од пред влада пратеникот Јанушев им порача дека правдата знае да биде бавна, но не и слепа и дека за сетоа ова зло што им го прават на Македонија и на македонскиот народ, ќе се најдат онаму каде што заслужуваат, пред лицето на правдата.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест „Оставка на Заев, слобода на народот“ кој се одржа пред Министерство за надворешни работи  рече дека се собрани пред МНР затоа што треба да си го зачуваме идентитетот затоа што на власта не и гајле за тоа.

-Човек кој нема идентитет не може да го зачува идентитетот на македонците. Видете му го идентитетот на Никола Димитров и се ќе ви стане јасно зошто не може да го зачуваат идентитетот на македонскиот народ. Токму така затоа сме тука за сами да си го зачуваме идентитетот  затоа што на нив не им е гајле. Само им е важна фотелјата, бизнисот и ништо друго. Видете им ја историјата на овие политичари кои што во моментов преговараат со Република Бугарија и се ќе ви стане јасно. Видете му ја историјата на Зоран Заев, и што има тој направено криминал, криминал и само криминал, човек со таква историја не може да ја одбрани историјата на Република Македонија затоа не им е важен ниту Гоце Делчев, ниту Раде Јовчевски Корчагин, ниту Питу Гули, истакна Арсовски.

Арсовски во своето обраќање посочи дека со назначувањето на Владо Бучковски за специјален претставник на Република Македонија  нема ништо да реши и не може таков човек да биде специјален претставник на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот