ВИДЕО+ФОТО | Тамара Тодевска денес го прослави својот роденден: Од Хана го доби најубавиот подарок

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Една од нашите најпознати пејачки Тамара Тодевска денес го прослави својот роденден. За разлика од претходните роденденски прослави, овој пат беше малку поинаку.

Наместо дискотека и бројни пријатели, Тамара роденденот го прослави во кругот на своето семејство и нејзините најблиски, меѓу кои и нашата позната манекенка Катарина Ивановска.

Instagram
Instagram

Една од пријателките на пејачката објави нивна заедничка фотографија на која позираат пред полна трпеза со храна.

Instagram
Instagram

Пејачката денес наполни 36 години, а свеќите на роденденската торта полна со свежи јагоди ги дувна заедно со нејзината ќерка Хана.

Тамара на својот инстаграм – профил од нејзините колеги, соработници како и бројните фанови доби роденденски пораки со најубави желби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот