ВИДЕО+ФОТО: Пожар во индиската фабрика на Институтот за серум, најголем производител на вакцини во светот

Голем пожар избувна во индиската фабрика на Институтот за серум (СИИ), кој е најголем производител на вакцини во светот, но пожарот нема да влијае на производството на вакцини за коронавирусот, пренесуваат индиските медиуми.

СИИ произведува вакцина направена од Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека” за индискиот пазар и некои други земји, а компанијата исто така се подготвува да направи вакцина развиена од американската компанија „Новавакс”.

На видео снимките се гледа како од зградата се издига густ црн чад.

“Имаше четири лица внатре во зградата. Досега спасивме три, иако чадот ја отежнува работата за ставање под контрола на пожарот”, рече пожарникар.

Пожарникарите прават големи напори во гаснењето на пожарот. Неколку противпожарни возила се на самото место.

“Ние се обидуваме да спасиме едно или две лица, тоа е нашиот единствен приоритет сега. Ние ќе ја процениме ситуацијата подоцна за штетата по сите други точки”, изјави извршниот директор на серумот Адар Понавала за НДТВ.

Институтот за серум во Индија  е распространет на 100 хектари во Пуна.

Манџари, комплексот каде избувна пожарот, е на неколку минути возење од објектот во кој се произведуваат вакцините Ковид, велат изворите. Се верува дека е дел од Специјална економска зона (СЕЗ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот