ВИДЕО+ФОТО I Приведени 33 лица во акцијата на полицијата за празнење на солунскиот Универзитет што беше под опсада

Во акција на повеќе сектори на грчката полиција, рано утрово беше испразнет Ректоратот на Универзитетот „Аристотел” во Солун што беше под опсада и беа приведени 33 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека според полицијата, лицата кои го држеле Ректоратот под опсада имале пано што покажува дека опсадата била поврзана со Димитрис Куфодинас, осудениот затвореник што штрајкува со глад и еден од лидерите на терористичката организација „17 ноември” . 

Паралелно, објавија видео и фотографии од акцијата.

Од грчката полиција соопштуваат дека од приведените лица еден е кипарски државјанин, 19 рекле дека се студенти на солунскиот универзитет, а останатите 14 не се поврзани со конкретниот универзитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот