ВИДЕО: Филаделфија игра одлична кошарка, падна Сакраменто во финишот!

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Филаделфија продолжија со одличните игри оваа сезона во НБА лигата, доцна синоќа овојпат со 119:111 славеа против Сакраменто.

На тој начин е прекината низата од четири победи на Кингси иако можеа и овој меч на крајот да го добијат во своја корист.

Пресудна беше последната четвртина во која Сиксерси доминираа со 32:20 и така дојдоа до новата победа предводени од Џоел Ембид кој забележа 25 поени и 17 скока.

На спротивната страна Ди`Арон Фокс беше прв стрелец со 34 поени и запиша 10 асистенции.

Составот на Риверс моментно е на првата позиција во Источната конференција со учинок 18-7.

НБА, резултати:

Детроит – Бруклин 122:111

Мајами – Њујорк 98:96

Њу Орлеанс – Хјустон 130:101

Сан Антонио – Голден Стејт 91:114

Портланд – Орландо 106:97

Сакраменто – Филаделфија 111:119

Јута – Бостон 122:108

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот