ВИДЕО | Ферстапен до пол-позизија на Сузука, малку фалеше да предизвика судир

Јапонија, Сузука/Макс Ферстапен/09 октомври 2022/фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Макс Ферстапен извозе најбрз круг во третата сесија на Сузука и на утрешната тргка за Големата награда на Јапонија ќе стартува од пол-позиција.

На оваа патека, пилотот на Ред Бул имаше и дуел со Шарл Леклер и Карлос Саинц, меѓутоа сепак успеа да ја обезбеди најдобрата стартна позиција. Леклер и Саинц со мало заостанување завршија како второпласиран и третопласиран. Зад нив ќе стартува Серхио Перез.

До десетото место пласман обезбедија Окон, Хамилтон, Алонсо, Расел, Фетел и Норис. Стјуардите сепак најавија истрага за невнимателниот потег на Ферстапен кој влезе во движењето на Норис, кој некако сепак успеа да го избегне.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот