ВИДЕО: Феноменалниот Дончиќ постигна 47 поени во победата над Франција

Лука Дончиќ, кошаркарскиот репрезентативец на Словенија блеска на ЕП/Келн, Германија/7 септември 2022/фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Еден од најдобрите светски кошаркари Лука Дончиќ имаше уште една одлична партија во победата на Словенија против Франција (88:82) во последното петто коло од групата „Б“ на Евробаскет 2022.

Дончиќ постигна неверојатни 47 поени (15/23 од поле) и така стана рекордер во модерната историја на првенствата на Стариот континент.

Еве и еден интересен податок кој вели повеќе поени од ѕвездата на Далас маверикс на еден натпревар на еврошампионатите постигна Белгиецот Еди Терас во далечната 1957 година, вкупно 64 поени против Албанија.

Гркот Никос Галис во 1983 година имаше 46 поени против Шведска, потоа во 2001 година Дирк Новицки за Германија запиша 43 поени против Шпанија, а Јанис Адетокумбо оствари 41 кош за Грција против Украина.

Словенците го освоија првото место во групата и ќе игра против Белгија во осминафиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот