ВИДЕО | Феликс го сруши Атлетико, Барса го доби дербито во Ла Лига

Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Португалецот Жоао Феликс обезбеди победа за Барселона во дербито со Атлетико Мадрид.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи по половина час игра кога по додавање од Рафиња, Феликс постигна гол за водство на Барселона, а тој резултат се покажа и како конечен.

Со овој триумф Барселона е на третата позиција со три бода пред Атлетико Мадрид, меѓутоа тимот на Диего Симеоне има натпревар помалку.

На врвот на табелата, Реал Мадрид и Жирона имаат по 38 бода на првите две места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот