ВИДЕО | Фантастичниот Леверкузен го прегази Бохум и како лидер во Бундеслигата ќе ја дочека 2024 година

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF CONDITIONS

Баер Леверкузен предводен од Шпанецот Чаби Алонсо продолжува да игра одлично и вечерва го совладаа Бохум со убедливи 4:0. Оваа убедлива победа за Леверкузен значи и дека „фармацевтите“ 2024 година ќе ја дочекаат како лидери на табелата.

Леверкузен игра фантастичен, а перфектни беа и вечерва. Свое шоу имаше Патрик Шик кој постигна хет-трик уште во првото полувреме. Бонифаче во второто полувреме ги постави конечните 4:0.

Зад Леверкузен на табелата е Баерн Минхен кој славеше со 2:1 против Волфсбург. Одличен натпревар одигра Томас Милер кој двапати асистираше, а погодуваа Мусиала и Хари Кејн. Арнолд го постигна единствениот гол за Волфсбург.

Во Бундеслигата сега следи зимска пауза и натпреварите продолжуваат кон средината на јануари.

Во останатите натпревари кои се играа вечерва Штутгарт го победи Аугусбург со 3:0, Хајденхајм со 3:2 беше подобар од Фрајбург, додека Франкфурт со 2:1 ја совлада Борусија Менхенгладбах.

Унион Берлин во терминот порано денеска славеше против Келн со 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот