ВИДЕО: Евертон со важна победа во битката за опстанок во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Евертон има огромни проблеми оваа сезона, особено поради одземањето на бодовите. Досега им се одземени вкупно осум и многумина очекуваат „карамелите“ да испаднат. И покрај тоа, клубот од „Гудисон“ продолжува да бележи добри резултати и во 34 коло од Премиер лигата го совлада Нотингем форест со 2:0 (1:0).

Домашните малку подобро го отворија натпреварот. Не создаде премногу шанси, но една искористија во 29 минута кога Идриса Гана Геје донесе предност.

До крајот на првиот дел од играта „шумарите“ можеа да израмнат, но Џордан Пикфорд остана непоразен.

Вистинска опсада на голот на Форест беше видена во вториот дел од натпреварот. Гостите лесно можеа да направат целосен пресврт. Но, тие не ги искористија своите можности и следеше казна преку Двајт Мекнил кој упати прецизен удар за зголемување на позитивата.

По овој триумф, Евертон е на 16 позиција со 30 освоени бодови, додека Нотингем форест остана на 17 место со 26.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот