ВИДЕО | Еурофарм Пелистер поднесе жалба до РФМ за судењето во вчерашното финале

Фото: Screenshot

Еурофарм Пелистер испрати жалба до Ракометната федерација на Македонија за судењето во вчерашното финале во Купот на Македонија.

Во натпреварот кој се одигра во Охрид славеше Вардар, а во Битола сметаат Исмаил Металари и Ненад Николовски кои делеа правда на оваа средба не биле на висина на задачата.

„Еурофарм Пелистер поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за судењето на мечот против Вардар 1961 кој се одигра во финалето од Купот на Македонија.

Жалбата е поднесена поради една од последните одлуки на судиската двојка Николовски – Металари. Вардар имаше еден гол предност, а во последниот напад на вардарци, Филип Талески имаше шут, кој, според пелистерци, е направен по одлука за пасивен напад на арбитрите со намера да се потроши време.

Еурофарм Пелистер се повикува на правилото број осум на ИХФ, според кое направена е материјална штета и прекршени се новите правила според кои секој потег кој во последните триесет секунди од мечот кој на било каков начин задржува или троши време автоматски значи седмерец и црвен картон за противникот“, стои во објавата на битолскиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот