ВИДЕО | Етеми изнуди пенал и го постина десеттиот гол во сезоната за Истанбулспор

Фото: İstanbulspor A.Ş.

Репрезентативецот на Македонија, Валон Етеми продолжи каде што застана пред паузата поради земјотресот кој го погоди југоисточниот дел на Турција. Денес Етеми постигна нов гол кој беше негов десетти сезонава. Етеми беше еден од стрелците во победата на Истанбулспор од 3:0 против Сивас.

Етеми во листата на стрелци се запиша по само седум минути игра и тоа од пенал кој претходно сам го изнуди. Посебно ефикасен Етеми е во новата 2023 година во која постигна половина од головите.

Ефикасната форма на Етеми секако е добра вест пред почетокот на квалификациите за Европското првенство 2024 година. Покрај Етеми, селекторот Милевски ги има расположените Бојан Миовски, Доријан Бабунски, Александар Трајковски, Стефан Ристовски, Елиф Елмас…

Македонија во првиот циклус игра против Малта на 23-ти март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот