ВИДЕО: Енис Барди асистираше од корнер во победата на Трабзонспор

фото: EPA-EFE/Claus Bech

Денеска во 1/16 финалето од фудбалскиот Куп на Турција екипата на Трабзонспор славеше над Маниса со 3:1.

Во седмата минута поведе домаќините со голот на Фунтас, па израмнија гостите во 15 минута преку Кореница.

Во 28 минута Трабзонспор ја врати позитивата во своја користи, македонскиот репрезентативец Енис Барди изведе корнер, топката дојде до главата на Дестан кој ја затресе противничката мрежа за 2:1.

Конечниот епилог беше поставен во 69 минута кога Дестан по втор пат се запиша во листата на стрелците.

Покрај Трабзонспор, во осминафиналето се пласираа и Фатиф Каругумрук, Бандирмаспор, Хатајспор, МКЕ Анкарагучу, Бешикташ, Анталијаспор, Башакшехир, Газиантеп, Самсунспор, 24Ерзиканспор, Фенербахче, Сиваспор, Генчлербирлиги, Коњаспор и Галатасарај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот