ВИДЕО: Експлозија во срцето на престолнината на Уганда, многумина повредени, двајца загинати

Експлозија во Уганда
Полиција во Уганда /Фото EPA-EFE/RONALD KABUUBI

Најмалку две лица загинаа, а многумина се повредени денеска во две експлозии во центарот на Кампала, главниот град на Уганда,  јави локалната телевизија.

Запалени се и неколку автомобили.

НТВ Уганда објави дека „многу луѓе” се повредени и дека се случиле две експлозии – една многу блиску до Парламентот и една во близина на централната полициска станица. Парламентот е евакуиран, јави телевизијата. Репортерот на НТВ Уганда рече дека видел две тела.

Се уште не е позната причината за експлозијата

„Персоналот на Црвениот крст користеше противпожарни апарати за да го локализира пожарот”, објави станицата на Твитер.

Војниците на Уганда како дел од мировните сили на Африканската унија се борат против бунтовниците на Ал Шабаб поврзани со Ал Каеда во Сомалија. Ал Шабаб изврши неколку смртоносни бомбашки напади во Уганда.

Исламска држава минатиот месец првпат ја презеде одговорноста за експлозијата во Уганда. Тогаш експлодираше бомба полна со шрапнели, при што загина келнерка во ресторан.

Исто така минатиот месец, полицијата на Уганда соопшти дека бомбаш самоубиец активирал експлозив во автобус, убивајќи се себеси и ранувајќи други луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот