ВИДЕО: Екипите на ЕВН ги пуштија во Арачиново, затекоа кабли за струја насекаде

Фото: ТВ21/принтскрин

Екипите на ЕВН денеска конечно добија можност да влезат во Арачиново и да ги отстранат дефектите во електричната мрежа поради кои големи делови од селото со недели беа без струја. ЕВН претходно одбиваше да испрати екипи да ги санираат дефектите, велејќи дека нивните вработени не биле безбедни во Арачиново, дека постојано биле вербално и физички напаѓани, а дефектите се случувале поради сеприсутните кражби на струја.

Според ТВ21, локалното население денеска не правело никакви проблеми. Екипите на ЕВН кои влегоа во Арачиново, насекаде низ селото затекоа кабли и други докази за кражби на струја.

Според договорот, кој беше постигнат со посредство на министерот за економија Крешник Бектеши, броилата во Арачиново отсега ќе се поставуваат надвор, пред куќите, за подобра евиденција и контрола од страна на надлежните. Процесот на преселба на струјомерите ќе трае една година.

Најчеста причина за прекините во снабдувањето со струја во Арачиново се дивите приклучоци. Кражбите на струја, освен што ја оптоваруваат мрежата, предизвикуваат и чести големи дефекти, за кои потоа е потребно многу време за да се санираат. Според информациите кои деновиве ги објавија некои медиуми повикувајќи се на извори од ЕВН, а компанијата не ги демантираше – во општината Арачиново годишно се краде струја вредна шест милиони евра, а загубите во целиот Скопски регион изнесуваат вртоглави 50 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот