ВИДЕО: Џанлуиџи Буфон по 28 години ја заврши кариерата

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Легендарниот италијански фудбалски голман Џанлуиџи Буфон (45) официјално објави дека се пензионира по 28-годишна кариера.

– Тоа е сè, народе. Вие ми дадовте сè. Јас ви дадов сè. Ние го направивме тоа заедно – стои во објавата на Буфон.

Воедно сподели видео во кое има слики од освоени 10 шампионски титули, Светско првенство и бројни трофеи освоени од неговото деби во Серија А во 1995 година.

Тој дебитираше во Серија А на 18 години за Парма, чиј дрес го носеше шест години во првиот мандат. Потоа бранеше за Јувентус 17 години, една сезона беше член на ПСЖ, а потоа се врати во Јуве две сезони, за да ги брани последните две сезони во Парма, од каде што го започна фудбалскиот пат во 1995 година.

Буфон беше еден од најдобрите светски голмани. Во клупската кариера освои дури 26 трофеи, додека со репрезентацијата на Италија беше светски шампион во 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот